Охридските кошаркари со дерби средбата против првопласираниот тим на Апаве ќе ја завршат полусезоната во Втората машка кошаркарска лига.

Не очекува исклучително тежок натпревар на крајот од првиот дел од првенството. Играме со најквалитетниот тим во Втората лига, Апаве кој слободно може  да се каже дека има прволигашки квалитет и буџет за настап во елитното друштво. Ние како и секогаш спремни сме за надигрување со која било екипа. Влегуваме со единствена цел да го изненадиме фаворитот и успешно да ја завршиме полусезоната – потенцираше Весна Балазоска.

Охриѓани со пет победи во седум натпревари се наоѓаат на втората позиција додека Апаве има само еден пораз, затоа и овој меч заслужено го добива епитот дерби на колото.

– Верувам во мојата екипа и знам дека ќе го дадат максимумот на теренот и во голем стил со победа да ја завршиме 2012 година –
заврши Балазоска.

Во составот на Лихнидос за дерби средбата во Втората кошаркарска лига поради повреди ќе недостастуваат капитенот Митрески и младиот кошаркар Ристеки.

Мх.П.