Одложениот натпревар од 18-то коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Гостивар и Вардар ќе се одигра во вторник на охридскиот стадион „Атина Бојаџи“.

За актуелниот првак ова ќе биде четврт натпревар сезонава во Охрид откако ги одигра мечевите со Еуромилк и Турново во националното првенство и куп пресметката со Металург.
Избраниците на Боби Милевски со победа против Гостивар во Охрид ќе се вратат на врвот, а на Гостивар неопходни му се бодовите за опстанок во елитата.
Мх.П.










