За тоа придонесе сончевото и топло време и прогнозите на синоптичарите според кои наредните денови температурата во Охрид ќе се искачи до 29 степен.
Низ градот можат да се забележат бројни групи туристи кои ги посетуваат културно- историските споменици. Тука се и гостите од Холандија кои пристигнаа неделава и кои веќе имаа можност да вкусат дел од традиционалните македонски јадења и охридски специјалитети.