Првообвинетите за масакарот кај Смилковското Езеро, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, денеска беа изведени пред истражниот судија во Косово, кој им го продолжи 48-часовниот екстрадициски притвор за 30 дена.
Од македонското МВР соопштија дека идентитетот на Исмаиловиќ и на Демири го потврдиле со отпечатоци и ДНК-анализа, а исто така идентитетот на двајцата го потврди и нивниот адвокат во постапката, Насер Рауф.
Во операцијата на специјалните тимови на косовската полиција, во населбата Sunny Hill во Приштина, неделата околу 19 часот приведени се двете лица, главни осомничени за петкратното убиство што минатата година се случи кај Смилковското езеро.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, во најкус можен рок ќе биде отпочната и спроведена процедурата за нивно екстрадирање.
OhridNews