Во рамките на кампањата „Безбедноста е најважна лекција“, претставници на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од Охрид, на учениците од прво одделение при основното училиште „Григор Прличев“ им поделија примероци од сообраќајно едукативната брошура „Сообраќајна лектира“.
Во брошурата се содржани основните правила и прописи за безбедно учество на децата во сообраќајот.
Како што информираат од училиштето, се запознале со основните сообраќајни правила и прописи и потребата од нивно максимално почитување со цел подобрување на личната безбедност на учениците во сообраќајот.
OhridNews












