Првото бебе родено во 2014 година во Охрид е женско. Бебето кое на свет го донела 35-годишната Дијана Матеска Тодороска, се родило во 1 часот и 40 минути.

Од Гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид информираат дека бебето се родило со Царски рез и е тешко тешко 2 килограми и 970 грама. Породувањето го извршила д-р Мимоза Влаши со тимот на сестри.

Охридскиот градоначалник д-р Никола Бакрачески денес ги посети мајката и бебето и во името на Општина Охрид им подари 10.000 денари.

Инаку првото бебе родено во 2014 година во Република Македонија е машко. Тоа се родило во првата минута по полноќ на Клиниката за Гинекологија и акушерство во Скопје и тешко е три килограми и 450 грама.

OhridNews