Охрид и годинава се приклучува кон акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Првите неколку дрвца беа засадени денес на кејот на езерото, пред пицеријата Стационе, од страна на градоначалникот Никола Бакрачески, претседателката на советот Гордана Коњаноска, секретарот Димитар Спасески и директорите на јавните претпријатија.

–  Радува фактот што од година во година бројот на заинтересирани лица кои се приклучуваат кон акцијата се зголемува и она што особено треба да се истакне е дека расте свеста на младите генреации за оваа една од позначајните акции на владата. Од особена важност е масовноста на акцијата пред се во делот на разубувување на зелените површини во градот и околината,  а во исто време и зачувување на човековата околина и подигање на свеста кај населението, рече градоначалникот Бакрачески.

Утре во рамки на акцијата дрвца ќе садат и останатите граѓани и учениците од основните и средни претпријатија. Ќе се сади во училишните дворови, како и во Орман за каде во 9 и 11 часот организирано ќе се поаѓа од неколку локации во градот.

Предвидените два хектари земјиште во градот и околината ќе се оплеменуваат со насади од чемпрес, јасен, бреза, молика.

OhridNews