Првиот овосезонски „Ел класико“, дуелот помеѓу Барселона и Реал Мадрид
на распоредот е во 7. коло во Примера дивизија. Натпреварот ќе се одигра
на „Камп Ноу“ во Барселона, во сабота на 6 или во недела на 7.
октомври.

„Ел класико“ во Мадрид ќе биде одигран во рамките на 26-то коло, на 2 или 3. март 2013 година.

На извлекувањето на двојките за новата сезона во Шпанија, одлучено е
Реал Мадрид одбраната на титулата да ја започне на домашен терен против
Валенсија, натпреварот ќе се одигра на 18. или 19. август.

Барселона во првото коло ќе му биде домаќин на Реал Сосиедад.

Инаку,
Реал како шампион и Барселона како освојувач на купот, на почетокот на
сезоната ќе одиграат две средби во рамките на Суперкупот на Шпанија.

Првиот натпревар ќе се одигра во Барселона на 22. август, а реваншот ќе се одигра една недела подоцна во Мадрид