
Предлагачи на законите беа координаторите на пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и на ДУИ.
Овој политички компромис е дел од политичкиот договор за излез од повеќемесечната длабока криза, која треба да заврши со предвремени парламентарни избори чиј датум ќе биде прецизиран на 31ви август, доколку лидерите потписнички на Договорот од Пржино се согласат дека постојат услови да се одржат фер, демократски и кредибилни избори. Најрано тие може да се одржат на 11ти декември.
OhridNews











