По завчерашната асистенција за евакуација на лице заглавено со возило на Галичица, Планинската спасителна служба Охрид денес со апел до љубителите на планинските авантури.
Апелираме до љубителите на планинските авантури, да не се обидуваат со возила да го минуваат превојот Баба на Галичица и да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувања на овој патен правец, велат од ПСС Охрид.
Потсетуваат и дека во иднина, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид на овој превој ќе интервенира само во случаи за евакуација на заглавени лица, но не и за извлекување на нивните возила. Повиците за извлекување на заглавени возила, ќе бидат пренасочувани кон комерцијалните шлеп служби, кои се соодветно опремени и даваат такви услуги.
Оваа асистенција е 28-ма од ваков тип оваа година, од вкупно 40 интервенции кои ги имала Планинаската спасителна служба годинава, а од кои дури 12 интервенции беа за спасување на повредени лица со сериозни повреди, информираат од ПСС Охрид.
OhridNews













