Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), во рамки на зимската сесија, денес, ќе го разгледа извештајот за парламентарните избори во Македонија, кои беа набљудувани од негова делегација.
Покрај извештајот за спроведените избори, на дневниот ред на ПССЕ најзначајната дебата е посветена на нападите врз новинарите и слободата на медиумите во Европа, за предизвиците и одговорностите на он-лајн медиумите и новинарството, како и потребата да се стави крај на кибердискриминацијата и говорот на омраза на интернет.
OhridNews
извор Макфакс