Францускиот фудбалски гигант Пари Сент Жермен ќе му даде зелено светло на Едисон Кавани за заминување од клубот, шест месеци пред завршување на важечкиот договор кој го имаат двете страни.

Кавани подолго време се наоѓа на списокот од желби на Атлетико Мадрид, а спортскиот директор Леонарод го потврди интересот на шпанскиот состав.

Се надевавме дека ќе остане во клубот, но тој побара дозвола за заминување. Ја разгледуваме ситуацијата, но многу веројатно е дека тој нема да биде со нас во февруари. Имавме понуда од Атлетико Мадрид која не ги исполни нашите барања. Постои опција за нови преговори се со цел да се почитува барањето на Кавани. – изјави Леонардо.

Уругвајскиот фудбалер во ПСЖ се пресели во 2013 година за 65 милиони евра. Од тогаш до денеска, Кавани вкупно го облекол 293 пати дресот на „светците“ и со 198 погодоци е најдобриот стрелец во клупската историја.

OhridNews