Сагата околку враќањето на Нејмар во Шпанија ќе продолжи уште некое време откако францускиот првак Пари Сент Жермен ги одбил првите понуди од Барселона и Реал Мадрид.

Понудата на каталонците била 100 милиони евра плус Филипе Кутињо а во некои комбиницираа влегувал и хрватскиот репрезентативец Иван Раќитиќ. Реал Мадрид понудил исто пари а во пакетот ги уклучил Герет Бејл и Хамес Родргиез.

ПСЖ експресно ги одбил понудите, но оставил простор за нови преговори. Агентите на Нејмар и Барселона имале веќе разговор во Лондон, додека „кралевите“ подготвуваат нова понуда во која би го вклучиле Винисиус кој е желба на „светците“.

Во 2017 година од Барселона во Париз, Нејмар, се пресели за 222 милиони евра и тој трансфер е рекорден во светскиот фудбал. Сумата за која би се вратил Бразилецот во Шпанија нема да надмине од неговиот трансфер во Париз, но со вклучените фудбалери се подготвува мега трампа а кој ќе биде подобар и поумешен останува да видиме.

OhridNews