Францускиот шампион Пари Сент Жермен, подготвува нов и побогат договор за еден од најдобрите фудбалери во тимот Килијан Мбапе. „Светците“, не сакаат ништо да остават на случајност и сакаат да го продолжат договорот со францускиот репрезентативец до 2024 година.

Моменталниот договор на Мбапе истекува во 2022 година а интерес за ангажман покажа Реал Мадрид. Францускиот претставник во ЛШ, подготвен е да му понуди 50 милиони евра по сезона на генијалниот фудбалер за продолжување на соработката и да го оттргне Реал Мадрид и било некоја друга екипа.

Мбапе заедно со Бразилецот Нејмар и уругвајскиот фудбалер Едисон Кавани ја сочинуваат ударната тројка во нападот на ПСЖ и многу веројатно уште долги сезони ќе биде така.

Репрезентативецот на „триколорите“ во ПСЖ се пресели од Монако. Прво тој се пресели како позајмен фудбалер а потоа ПСЖ го откупи неговиот договор заобиколувајќи го финансискиот фер плеј.

OhridNews