Екипата на Пари Сент Жермен ја потврди класата во францускиот фудбал освојувајќи двојна круна. „Светците“ после титулата од првенството во витрините ја додадоа титулата од Купот на Франција.

Во финалето ПСЖ го совлада Сент Етјен со минимални 1-0. Стрелец на победничкиот погодок беше бразилскиот репрезентативец Нејмар во 14-та минута од натпреварот.

Покрај голот важен момент на натпреварот беше повредата на Килијан Мбапе. Француската супер ѕвезда се повреди во 24-та минута. Фудбалерот на Сент Етјен Лоик Перан остро стартуваше над Мбапе кој поради сериозноста на повредата мораше да биде заменет. На теренот настана мешаница, а судијата после смирување на страстите и прегледувањето на видео снимката го испрати Перан во соблекувалните.

Мбапе стадионот го напушти со патерици. Тој најави дека нема ништо скршено, но деталните прегледи ќе покажат за сериозноста на повредата.

OhridNews