Со официјалното отварање на трансфер пазарот (не)очекувано францускиот гигант ПСЖ го направи првиот милионски трансфер. Во редовите на “светците“ стигна аргентинецот Езекил Лавеци од екипата на Наполи.


Напаѓачот на “гаучосите“ Лавеци со ПСЖ потпиша договор од четири години, а сумата на трансферот сеуште не е откриена. Лавеци во пет годишен престој во дресот на Наполи постигна 38 голови во 156 натпревари.

Мх.П.