Дрим тимот на Пари Сент Жермен предводен од Маурицио Почетино го запоседна врвот во француска Прва лига, после убедливиот триумф над Монпеље со 4-0, на домашен терен.

Гостите на „Паркот на Принцовите“ со голем пех се соочија уште во 20-та минута, кога Јонас Омлин доби директен црвен картон. Бројчаната предност на теренот, ПСЖ ја искористи во 34-та минута кога Килијан Мбапе го отвори резултатот. Домаќините победата ја заверија со три погодоци во второто полувреме преку Нејмар, Икарди и Мбапе, кој втор пат се запиша во листата на стрелци.

Борусија Менхенгладбах ја совлада Борусија Дортмунд (видео)

Дуелот на двете Борусија и припадна на домашната екипа, откако Менхенгладбах славеше победа од 4-2, во воведниот натпревар од Бундес лигата. Домашните фудбалери подобро се снајдоа во ефикасниот натпревар со шест погодоци. Во првиот дел двата состави постигнаа по два погодоци, за егал 2-2. Менхенгладбах продолжи во ист ритам, што не беше случај со „милионерите“. Мечот заврши 4-2.

Во шпанската Ла лига, Леванте ремизираше со Ваљадолид 2-2, но за нас најважно е што Енис Барди после долга пауза се врати на терените и конечно заигра фудбал, после повредата добиена во времето на подготовка за бараж мечот со Грузија за пласман на ЕП.

OhridNews