Фудбалерите на ПСЖ се победници на францускиот Супер куп, кој се одигра во Габон. „Светците“ со 2-1 го совладаа освојувачот на купот тимот на Бордо.


Со погодокот на Хенри Саивета екипата на Бордо имаше предност 1-0, која ја чуваше до 83-та минута кога Онгенда изедначи на 1-1. Бразилецот Алекс беше побрз од судијата и во петтата минута од продолжението го постигна победничкиот погодок.

За избраниците на стратегот Лоран Блан ова е прв трофеј сезонава, а трет во историјата на ПСЖ од Супер куп натпреварите.

Мх.П.