Богатите сопственици на францускиот клуб ПСЖ спремаат неверојатно понуда од 100 милиони евра за Кристијано Роналдо. 

Тие планираат да платат 100 милиони евра оштетата за предвремено раскинување на договорот со Реал Мадрид, а на Роналдо ќе му дадат 18 милиони евра по сезона, со што би станал втор платен фудбалер по Самуел Ето.

Роналдо на врвот од листата на желби на шеиците, а се споменува дека сакаат да го доведат и португалскиот стратег Жозе Мурињо, кој по завршување на сезоната се поизгледно е дека ќе го напушти “кралскиот клуб“.

Моменталниот тренер на “светците“, Карло Анчелоти сеуште се нема изјаснато за својата иднина, а тој се споменува како наследник на Мурињо.

Мх.П.