Вирусот Х5Н1 на птичјиот грип и натаму е голема закана за луѓето и животните, соопштија претставниците од Обединетите Нации(ОН) на состанокот во Мали, Африка.

Регионите на кои им се заканува најголема опасност се југоисточна Азија, Африка, Кавказ и Источна Европа.

„Се заканува опасност од пандемија. Доколку било која држава не ја спречи заразата, тоа би придонело за ширење на вирусот и во многу други земји“, изјави Александар Милер, помошник генерален директор во Организацијата за храна и земјоделство при ОН.

Вирусот на птичјиот грип за прв пат беше регистриран во 2003 година во Азија и оттогаш од него починаа 154 луѓе .