Со бурен аплауз и бројни позитивни реакции од публиката беше проследена синоќешната претстава „Погодете кој доаѓа на вечера“ во изведба на младите од општинскиот Црвен крст на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Претставата е дел од проектот Црвен крст во акција- Промоција на хумани вредности чија цел е вклучување на младите во заеднички проекти  и Неделата на промоција на хумани вредности која трае од 21- 27 септември.

Во рамки на оваа недела младите од целата држава преку своите клубови на млади при Црвен крст (вкупно 35 клуба) изведуваат театарски претстави во своите средини, пред родителите, сооучениците, професорите, пред целата зеаедница која е истовремено и целна група на проектот.

Средствата од влезниците ќе бидат наменети за хуманитарни активности.

OhridNews