Ученик кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени за време на инцидентот.

Пукањето се случило во средното училиште Остин-Исток-Магнет, по што еден полицаец возвратил на огнот и бил ранет. Полицијата го пронашла ученикот во училишниот тоалет и му наредила да излезе, но тој одбил и започнал да пука, пренесуваат агенциите.

Студентите кои не биле вклучени во инцидентот биле ослободени и пуштени дома, пренесуваат американските медиуми.

Полицијата веднаш ги предупреди луѓето да ја избегнуваат областа околу местото на пукањето. Бејзбол-теренот зад училиштето беше обезбеден како место каде што родителите можеа да дојдат да ги земат учениците.

OhridNews