Врз Амбасада на САД во Анкара, околу пет часот по локално време, биле испалени неколку истрели од возило во движење.

Притоа во нападот бил погоден прозорецот на делот кај обезбедувањето, пренесе „Танјуг“.

Тимови на полицијата трагаат по напаѓачите, кои побегнале со бел автомобил.

Како што се наведува, нападот се случува за време на влошување на односите помеѓу Анкара и Вашингтон, поради судењето на американскиот свештеник Ендру Брансон во Турција и наметнатите санкции врз Анкара.