Со затоплувањето и топењето на мразот започнаа сериозни проблеми со водоснабдувањето во делови од градот. Граѓани од повеќе различни населби јавуваат за дефекти и недостиг на вода, а информацијата ја потврди и охридски Водовод.
–Ве известуваме дека со зголемување на температурите дојде до одмрзнување на водоводните инсталации, а со тоа и до бројни дефекти на истите во повеќе делови на градот, поради што има и прекин во водоснабдувањето.Екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектите. – соопшти Водовод.
Граѓаните велат дека имаат разбирање оти во прашање е виша сила, но се револтирани од односот на надлежните кои, според нив, не прават доволно за одржување на системот и негова модернизација.
– Имало и пониски температури во минатото, па ова не се случувало. Очигледно со децении ништо не е направено да се модернизира и соодветно заштити водоснабдителниот систем.- револтирано коментираат охриѓани.
Проблеми со водоснабдувањето поради дефекти предизвикани од студот и мразот има и во попвеќе други општини низ земјава.
ОhridNews
фото: илустрација