Едно лице е повредено во пукање што се случило утрово околу 9.30 часот на Клиниката за дигестивната хирургија, потврдуваат од МВР. Полицијата привела три лица, едно лице на возраст од 30 година, друго лице на возраст од 36 години и трето лице на возраст од 34 години. Засега ова се официјалните информации од МВР за инцидентот, од каде детали најавија за подоцна.
Според неофицијалните информации, пациент кој не бил задоволен од лекувањето кон мајка му, која починала, со пиштол пукал во хирургот и во медицинската сестра при што го погодил лекарот во ногата. Лицето што пукало било во придружба на уште двајца луѓе кои потоа почнале да дивеат и да кршат се пред себе.
Најновите информации говорат дека повредениот доктор е во добра здравствена состојба по извршените зафати и прегледи, а неговите колеги за попладнево најавиле дека ги откажуваат операциите во знак на револт поради настанот.
OhridNews