Вооружена жена отворила оган во седиштето на „You tube“ во Сан Бруно, во американската сојузна држава Калифорнија, при што се ранети најмалку четири лица.

Како што пренесуваат медиумите во САД, жената која го извршила нападот е мртва. Според првичните неофицијални информации, таа починала како последица на раните од оружје кои сами си ги нанела.

Полицијата работи на откривање на мотивите за нападот.

OhridNews