Во населбата Воска денеска дошло до вооружена престрелка. Според првичните, неофицијални информации, во престрелката има и загинати.

Попртпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека во Воска денеска имало пукање од огнено оружје, но не соопшти подетални информации за евентуални загинати или повредени во инцидентот. Тој кажа дека во моментов екипи на крим техника се на терен и вршат увид, по што СВР Охрид ќе излезе со официјално соопштение за настанот.

Ohridnews