ВМРО-ДПМНЕ му ја откажа љубовта на градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, поради незадоволство од неговата работа.

– Веќе подолго време ВМРО-ДПМНЕ не е задоволно од личното однесување и работење на г-дин Мерко, затоа што тој лично не работи во интерес на сите граѓани на Струга и затоа што имаме сериозни сомнежи дека во својата работа тој не се придржува кон законите и не ги почитува интересите на стружани.-изјави Надица Николоска, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ – Струга.

ВМРО ДПМНЕ изрази незадоволство од третманот на Македонците во Општината, за што според партијата одговорен е повторно градоначалникот Мерко. Оттаму посочуваат дека тие во иднина ќе бидат негова опозиција, а не на партијата ДУИ на која и припаѓа градоначалникот.

– Ние се спротивставуваме на непродуктивната лична политика на Рамиз Мерко, а ова не значи дека менуваме нешто во нашиот однос со политичката партија ДУИ, затоа што со нив како партија имаме интензивна и продуктивна соработка и на локално и на национално ниво која ќе продолжи и во иднина, заеднички сработуваме многу проекти и реформи кои се во интерес на задоволување на потребите на граѓаните и модернизација на државата. Однесувањето и неработата на Рамиз Мерко е проблем за стружани, тоа јасно го истакнуваме и се спротиставуваме нана личните политики на градоначалникот, рече Николоска.

OhridNews