Пукната цевка вчера предизвика проблеми  на улицата „Мите Богоески“, непосредно до зградата на општината. Екипите на водовод и канализација со брза интервенција го отстранија дефектот. Но работниците мораа да се помачат да ја вратат во ред улицата која од интервенцијата беше прекриена со кал. Со шмрк улицата темелно се чистеше од нечистотијата, но остана голема дупка во асфалтот која се надеваме брзо ќе биде пополнета.


Дефектот саниран остана уште дупката

Ohridnews