Инцидент со пукотници од огнено оружје се случил на плажата Радиме, кај албанскиот приморски град Валона.

Како што пренесуваат албанските медиуми има повреди, а туристите во паника го напуштиле местото. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а ангажирани се и припадници на единицата за брзо распоредување.

Пристигнуваат и возила за брза помош. Се врши увид, засега не е познат мотивот.

OhridNews