Ситуацијата на аеродромот во Кабул не се смирува, а во исто време расте бројот на држави кои предупредуваат дека нема да можат да ги извлечат од Авганистан сите оние кои сакаат да избегаат од талибанците.Колоната автомобили на патот кон аеродромот во Кабул е долга три километри, јави дописникот на Би -Би -Си, Малик Мудасир.
Кога се приближивме до аеродромот, звуците на огнено оружје стануваа се погласни, вели Малик.
Кога екипата на Би -Би -Си се обидела да разговара со луѓето собрани пред аеродромот, вооружените авганистански војници им наредиле веднаш да се оддалечат. Според кажувањата на новинарот, војниците се однесувале агресивно дури и посегнале физички по новинарите. На крајот од кога биле проверени прес- картите на новинарската екипа биле пуштени на аеродромот.
Од аеродромот во Кабул денеска полетаа четири авиони, а еден пакистански лет беше откажан, но не се познати причините за тоа. Оние што се обидуваат да заминат се семејства на Авганистанците кои на еден или друг начин работеле со странци, како преведувачи или во медиумите. На нивните лица може да се види тага, како некој на сила да ги брка од нивната татковина, рече Малик.
Шпанија призна дека нема да може да ги евакуира сите Авганистанци кои работеле со шпанските сили. Како причина ја наведе „драматичната ситуација на теренот“. Ситуацијата на аеродромот во Кабул не се смирува, а во исто време расте бројот на држави кои предупредуваат дека нема да можат да ги извлечат од Авганистан сите оние кои сакаат да избегаат од талибанците.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас исто така рече дека „САД и сојузниците нема да можат да ги повлечат сите Авганистанци кои имаат услови да заминат до 31 август“ Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас исто така рече дека и сојузниците нема да можат да ги повлечат сите Авганистанци кои имаат услови да заминат до 31 август“.
OhridNews