Делови од парискиот аеродром утрово се евакуирани по инцидент што се случил откако француските безбедносни сили застрелале и убиле маж на аеродромот „Орли“, затоа што посегнал и му го одзел пиштолот на војник кој се наоѓал во аеродормот.

Безбедносните операции по инцидентот продолжуваат и понатаму. Во нив, како што пренесуваат медиумите, биле вклучени и експерти за деактивирање на експлозивни направи.