Во близина на автобуската постојка пред Градската општа болница-Св.Наум Охридски во Скопје, вчеравечер, околу 23.35 часот, две непознати лица кои биле со моторцикл пукале од огнено оружје кон патничко возило „БМВ“ сопственост на лице од Скопје, а управувано од 18-годишно момче од велешко, информираат од министерството за внатрешни работи.
Увид е извршен и на лице место, при што се пронајдени три чаури, а оштетено е и искршено стаклото од автобуската постојка. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
OhridNews