Со сечење црвена лента, денес и официјално беше пуштен во употреба малиот плоштад кај некогашната градска библиотека, простор, како што велат од локалната самоуправа, на кој во иднина ќе се одржуваат културно- уметнички манифестации, средби на граѓаните, кој ќе служи за одмор и релаксација на посетителите.

Ова е само една најава за реализација на  сите проекти и инвестиции кои ќе следат во текот на оваа и наредната година и кои ќе го одбележат периодот на најголемата градежна експанзија во Охрид со која градот ќе го врати имиџот на најпозната туристичка  дестинација во Македонија, Балканот и пошироко, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Изградбата на малиот плоштад почна во ноември, а во реализација на активностите учествуваа вработени во службите при локалната самоуправа и од  јавните претпријатија.

Т.К.