Со свеченост што се одржа денеска, во употреба беше ставен новиот дрвен мост на реката Црн Дрим во Струга.

Мостот чија вредност изнесува 150.000 евра, е донација на струшкиот бизнисмен Менди Ќура.

-Мостот го изградивме за четириесеттина дена со ангажман на компанијата „Трим и Лим“ и други помагатели. Овој мост ќе ги зближи граѓаните и ќе им овозможи слободно да се движат од двете страни на Дрим. – истакна донаторот Ќура.

Мостот во употреба го ставија поранешниот градоначалник на Струга, сега пратеник, Зиадин Села, неговиот заменик Мустафа Зебзун и бизнисменот Менди Ќура.

OhridNews