Попладнево во селото Рача свечено беше ставен во употреба новоизградениот плоштад, кој како што истакна градоначалникот Никола Бакрачески, е направен по барање на жителите.

– По неколку месеци работа успеавме да го уредиме местото во убаво катче каде жителите ќе се забавуваат, одмараат, разговараат,а децата ќе играат. Ова место претходно беше целосно неугледно, се фрлаше градежен отпад, беше дива депонија. Постапивме по барањата на жителите и со сопствени средства, помогнати од јавните претпријатија успеавме да изградиме плоштад со пешачки зони, фонтана,спроведени се  инсталации за вода и електрична енергија,просторот е хортикултурно уреден, а има и простор наменет за најмладите каде се поставени детски реквизити, рече Бакрачески.

Вкупната површина на плоштадот е 520 метри квадратни.

OhridNews