Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески,  го пушти во употреба патниот правец од струшкото село Мислешево до магистралниот пат м4, кој води кон Струга.

Како што истакна Јанакиески, станува збор за локален пат кој е од голема важност за месното население и кој досега се наоѓаше во лоши услови.


Овој пат е дел од проектот за изградба на 200 локални патишта ширум Македонија. До сега се изградени 50, а до крајот на годината ќе бидат завршени уште 60 локални патишта. Проектот се очекува да заврши во 2012, рече Јанакиески.  

Отворениот патен правец од Мислешево е во должина од 1,4 км и за неговата изградба се потрошени 200.000 евра.

Јанакиески најави дека се работи и на изградба на вкупно 11 регионални патни правци, од кои десет се веќе завршени.

OhridNews