Секторот за внатрашени работи (СВР Охрид), ги пушти на слобода приведените лица помеѓу кои имаше и фудбалери на Сатеска за вчерашниот инцидент, кој се случи пред и после мечот Сатеска – Црно Буки во рамките од Третата МФЛ југо-запад.

Како што информира СВР Охрид, до инцидентот дошло околу 17.05 часот, кога поради незадоволство од одлука на судиите 47-годишно лице од Волино влегло на теренот со цел да ги нападне. Полициски службеници интервенирале и при преземање на мерки за приведување на лицето, тоа пружило отпор, а полициските службеници во извршувањето на службени дејства (при приведување на игралиштето и потоа и при транспорт, биле попречувани од страна на седум лица од Волино, кои се приведени во охридската Полициска станица.

Жителите од Волино незадоволни од полицијата и нивната реакција прво го затвориле патот за излез од селото а потоа протестираа пред седиштето на СВР Охрид.

Во официјалниот записник нема ништо за инцидентот кој се случил во текот на натпреварот. Фудбалскиот клуб Сатеска нема да подлежи на дисциплинска постапка од ФФМ освен ако судиската тројка и делегатот немаат најавено дополнителен записник кој се прави во случај да биде загрозена безбедноста на официјалните лица.

OhridNews

МВР: Причина за вчерашниот инцидент во Волино е незадоволство од одлука на судиите

Обновено: Приведени дел од фудбалерите на Сатеска, засилените мерки пред СВР продолжуваат