
Концертот кој што ќе одржи на стадионот Билјанини Извори е во организација на компанијата Орфеј. Според орагнизаторите овој концерт ќе биде еден од најголемите музички спектакли во Македонија за оваа година.
– Настапот на Чолиќ во Охрид ќе биде единствениот негов спектакуларен концерт во Македонија за оваа година на кој присутните ќе уживаат во неколкучасовно незаборавно музичко доживување. Евергрините кои ги знаат сите генерации „Ти си ми у крви“ „Продужи даље“ „Маџарица“ „Пусти моду“ „Звао сам је Емили“ ќе бидат само дел од репертоарот, изјавуваат организаторите на концертот.











