Влезниците за предновогодишниот концерт на Петар Маркоски квартет и Горан Папаз, кој ќе се одржи на 26-ти декември, петок, во Центарот за култура „Григор Прличев“, од денеска можат да се најдат во продажба. Љубителите на добрата музика, влезници за најголемата предновогодишна забава во Охрид можат да купат на билетарницата при Центарот за култура и “Tobacco Fibos” – трафиката среде чаршија. Влезниците чинат 200 денари.

Амбиентот во кој ќе се одржи концерот ќе блесне во празнично руво благодарение на извонредните креации на “Impact group”, a за посетителите се предвидени пријатни празнични изненадувања. Спонзори на концертот се „Инекс Горица“, „Мистер И“, „Тиквеш“, „Кадмо“ и „Пела принт“, помагатели се студиото „Арс Нова“ и фестивалот „Охридско лето“, а медиумската поддршка ја обезбеди најпосетуваниот интернет портал во регионот „OhridNews“. 

Концертот ќе биде празничен подарок за охриѓани кои ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во безвременските новогодишни класици. 

OhridNews