Со пригодна свеченост и верски обичаи, денеска во употреба беа пуштени новите административни простории на Дебарско – кичевската епархија, кои се сместени во зградата на старото училиште Св. Климент во комплексот кај црквата Св. Богородица Перивлепта.


Објектот по враќањето на црквата за кусо време беше целосно реконструиран, а покрај канцеларии за свештенството содржи и приемен дел, како и галерија.


-Тоа ќе биде административен центар на Дебарско – кичевската епархија и тука ќе се примаат официјални гости на Македонската православна црква. Објектот и надворешно и внатрешно има нов лик како што долекува на намената, изјави за OhridNews владиката Тимотеј.


На свеченоста по повод пуштањето во употреба на новите административни простории на Дебарско – кичевската епархија присуствуваа членови на Светиот архиерејски синод, претставници на локалната самоуправа, како и бројни гости.

OhridNews