Со играње кошарка, вчеравечер, беше пуштено во употреба повеќенаменското игралиште кое е во рамки на средното економско училиште. Како што истакна градоначалникот Никола Бакрачески, целта на настанот е да се возобноват спомените од поранешниот градски полигон кој беше симбол за дружење, спортување и практикување на здрави навики кај генерации охриѓани.

– Вечерва, во овој прекрасен амбиент, исполент со деца, спортисти рекреативци, општина Охрид организира настан „Играј баскет со локалната“ со кој што ги промовираме здравите животни навики и спортот како опција во животот и како можност луѓето да градат здрави животни навики од една страна, а од друга страна тоа е начин како би ги поттикнале луѓето повторно да излегуваат во природа, да се дружат, да рекреираат, рече градоначалникот Бакрачески, кој додаде дека изградбата на ова повеќенаменско спортско игралиште е во соработка со Агенција за спорт и млади.

Игралиштето е составено од две стативи за мал фудбал и четири коша за кошарка. Должината на игралиштето е 45 метри, а ширината 28 метри.

OhridNews