По 40 години, Македонците од соседна Албанија ја добија битката околу враќањето на старото име Пустец, на општината Ликенес.

Според градоначалникот на општина Пустец и лидер на партијата на Македонците во оваа земја, Едмонд Темелко, одлуката на Парламентот во Тирана претставува историски момент за Македонците од Албанија.

Сега се чуствуваме како морални победници и се надевам дека ова е знак за почеток за решавање на проблемот на Македонците на цела територија на Република Албанија.“ – изјави Темелко, кој е и лидер на партијата Македонската алијанса за европска интеграција.

Како што нагласува Темелко, по стапувањето на сила на одлуката, ќе се пристапи кон донесување нова одлука во Советот на општината, со која сите останати села во Пустeц ќе се нарекуваат на македонски јазик.

Инаку, предлогот за враќањето на името Пустец бил едногласно изгласан од албанските пратеници.

OhridNews