Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс е добитник на уникатната награда „One club man“ која ја доделува шпанскиот клуб, Атлетик Билбао.

Клубот од Баскија секоја сезона наградува по еден фудбалер кој целата кариерата ја посветил на еден клуб. Гигс почнувајќи од младинска школа се до последниот натпревар во кариерата го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ и повеќе од заслужено ја освои наградата.

Гигс беше една главните алки во шампионскиот мозаик на Сер Алекс Фергусон. Брзоногиот фудбалер учествуваше во сите титули во ерата на Фергусон и претставува еден од најдобрите фудбалери во историјата на Олд Трафорд.

Што се однесува до наградата „One club man“, Атлетик Билбао ја доделува неколку години. Претходни добитници се Били МекНил од Селтик, Карлес Пујол (Барселона), Сеп Мајер (Баерн Минхен) и Паоло Малдини (Милан).

OhridNews