Хрватскиот репрезентативец Иван Раќитиќ оваа сезона не е помеѓу фудбалерите кои имаат констатна минутажа во дресот на Барселона. Раќитиќ после доаѓањето на некои млади играчи падна во втор план и почесто е на клупата отколку на теренот. Тој е подготвен да дава максимум до крајот на престојот во Барселона без разлика што тешко ја прифаќата ситуацијата.

  • Јас ја разбирам и почитувам одлуката на тренерот и клубот но сметам дека многу дадов за Барселона во овие пет сезони и заслужувам повеќе минутажа и доверба. Сакам да продолжам да уживам во играњето фудбал бидејќи тоа ме прави среќен. Имам 31 година а не 38 и сметам дека се уште можам многу да дадам за клубот. Тешко ми е затоа што не играм но како и секогаш ќе давам се од себе за Барселона. – изјави Хрватот.

Раќитиќ на Ноу Камп се пресели од Севиља пред пет години и учествуваше во освојувањето на титулите во ЛШ, Ла лига и Купот на Шпанија.

OhridNews