Претставници од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) денес остварија работен состанок со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Теми за разговор беа инспекцискиот надзор во животната средина во индустриски објекти, управување со отпад, отпадни води, заштита на природата, спроведување на законските одредби од регулативата за животна средина и новиот Закон за инспекциски надзор во животната средина, соработка и координација на инспекциските надзори, инфомрираат од ДИЖС.

Додаваат дека на состанокот присуствувале директорот м-р Сретен Стојковски, Државниот инспектор за животна средина, Канцеларија Охрид Игор Трајкоски, Главниот инспектор за природа Пејо Кировски и Генералниот Инспектор за животна средина.

OhridNews