Денес, во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“  претставници на СВР- Охрид, Полициската станица и одделението за превенција, ќе одржат работен состанок со советодавната група граѓани, како дел од проектот ,,Срекни и безбедни матурски вечери”. 

Целта на состанокот е запознавање на присутните и координација со планираните превентивни мерки за подигнување на безбедносната свест кај младите и превенирање на асоцијалното однесување кај младата популација.

На работниот состанок, освен претставници од СВР Охрид, ќе земат учество и претставници од Општина Охрид, Советот на родители, образовните институции, здравствените центри, како и претставници од Центарот за социјални работи и Црвениот крст.

OhridNews