Четврток и петок (5-6- Мај) во новите простории од „Изложбениот центар на Белчишкото блато” во с. Белчишта ќе се одржи работилницата во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на Општина Дебрца и локалните чинители“, информираат од Општина Дебрца.
Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото, додаваат во соопштението.
Инаку, проектот кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 мај 2022г. е финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) – кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава.
OhridNews












