Регионалниот зелен центар Охрид во рамки на проектот „Младинско еко лето“ поддржан од CIVICA MOBILITAS, ја организираше четвртата и воедно последна средба со младите и локалното население од охридско-струшкиот регион во вид на работилница. Работилницата насловена “Од идеја до реализација-изработка на проекти vol.2” беше одржана во Извидничкиот центар во Струга.
Поради огомната заинтересираност за темата, како и поради позитивните импресии од присутните, оваа работилница беше втор дел од првичната средба која се одржа во месец јули на истото место. Надоврзувајќи се на теоретското предавање од изминатиот пат, денес учесниците ги продлабочија своите знаења преку еден практичен процес на развивање проектна идеја. Поделени во две групи, секоја осмислувајќи свое проект решение, на крајот го презентираа сработеното, проследно со дискусија и закуска, велат организаторите.
На средбата учествуваа претставници од Еколошката секција од ОУ Ванчо Николески- Лескоец, Еколошката секција од ОУ Дебрца- Дебрца, членови од Културолошка иницијатива 5 до 12, Хидробиолошки Институт- Охрид, како и локалното население од Охридско-струшкиот регион.
OhridNews













