Работилница за кариерно советување „Мојот кариерен избор“ ќе се одржи утре во Младински Центар Охрид со почеток од 18:00 часот.
Современите карактеристики на работата ни поставуваат одредени барања, создавајќи нови потреби во врска со нашиот професионален и личен развој, а оттука произлегува и неопходноста од развивање на компетенциите за управување со сопствената кариера, велат од Младинскиот Центар Охрид.
Ако пред вас е дилемата што после завршување на средното образование и се чувствувате неодлучни, дојдете и дознајте: Зошто велат дека “Успехот е патување, а не дестинација”, Што е кариерно советување?, Како изгледа циклусот на кариерно планирање?, Што треба да направите за да донесете правилна информирана одлука за вашата кариера?, Како може да ви помогне кариерниот советник? Одговор ќе добиете на работилницата Мојот кариерен избор, додаваат од Центарот.
Потенцираат дека на работилницата ќе бидат присутни членови на Асоцијацијата на советници за развој на кариера – АСК, меѓу нив Марија Коваческа, меѓународно сертифициран советник за развој на кариера и Еврогајденс амбасадор на РСМ и Ана Топeнчарова Коваческа, меѓународно сертифициран советник за развој на кариера, сертифицирана преку GCDF програма (Global Career Development Facilitator) и наставник по англиски јазик во Охридската гимназија.
OhridNews












